Background

Драмата во семејството Бекам достигна точка на вриење откако Круз Бекам објави серија брутални пораки на Инстаграм кои многумина ги толкуваат како директни напади врз братот Бруклин и неговата сопруга Никола Пелц

Во текот на изминатите неколку месеци, Круз, 20-годишниот син на Дејвид и на Викторија Бекам, ги користеше инстаграм-приказните за да објавува остри коментари.

„Ти си измама. Сега си кретен. Инстант кармата ќе те стигне. Мртов си за мене. Целото семејство е банда ужасни луѓе“, се некои од пораките.

 

- Advertisement -
Ad image

Иако Круз не именуваше никого директно, пораките се совпаѓаат со неговиот нарушен однос со Бруклин и со неговата сопруга Никола Пелц, која, заедно со неговиот брат Ромео, неодамна го отследија Круз од Инстаграм.

Извори блиски до семејството тврдат дека Бруклин им рекол на своите роднини дека не сака никаков контакт, а неговата одвоеност од Ромео, како и конфликтите со неговите родители, дополнително ја искомплицирале ситуацијата.

Причина за кавгите? Бруклин наводно бил несреќен затоа што Дејвид и Викторија ја поддржувале тогашната девојка на Ромео, Ким Тернбул и ја вклучувале во семејните собири.

Ромео и Ким оттогаш раскинаа, но штетата во семејството останува.

 

Тензиите меѓу Викторија Бекам и Никола Пелц датираат од нивната свадба во 2022 година, кога Викторија наводно ги засенила младенците со тоа што им го украла првиот танц, а Пелц одбила да ја носи дизајнерската венчаница на Викторија.

Бруклин, кој оттогаш јасно стави до знаење дека секогаш ја избира својата сопруга, дополнително го продлабочи јазот со своето семејство.

И се чини дека Круз повеќе не може да трпи.

Инаку, Круз е најмладиот син на Викторија и Дејвид Бекам, кој порано беше фудбалер, а во моментот се занимава со музика. Велат дека тој „ги менува девојките како чорапи“.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation