Во центарот на Тузла, во Босна и Херцеговина денеска се случуваше голема драма, откако двајца полицајци упаднаа во надојдената река Јала, бркајќи сомнително лице.
Полицијата објави официјално соопштение.
„На 27.3.2025 година, околу 10.30 часот во Тузла, полициски службеници забележале возило кое со своето движење ги загрозувало другите учесници во сообраќајот и се обиделе да го сопрат. Во возилото имало две лица со сомнително однесување кои се оглушиле на наредбата да сопрат и продолжиле да се движат, по што полицајците тргнале по нив“, соопшти МВР на тузланскиот кантон.
Понатаму полицијата наведува дека едно лице го оставило возилото и продолжило да бега, па влегло во коритото на реката Јала.
„Но, поради нивото на водата и силната струја, лицето било изложено на опасност од давење, поради што полицајците влегле по него во коритото на реката. Но, надојдената вода почнала неконтролирано да ги носи. Со помош на граѓанин двајцата полицајци успеале да излезат од водата. Надојдената вода ги однела лицето кое бегало и уште еден полицаец и по нив сè уште се трага“, соопшти полицијата.
Во акцијата за пребарување се вклучени сите единици на Полициската управа, Противпожарната служба, Цивилната заштита и вооружените сили, се додава восоопштението.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
