Background

Доживотна казна затвор за Фадил Зејнелов, кој на 1 ноември 2024 година на свиреп начин ја уби штипјанката Емилија Пешева

Доживотна казна затвор за Фадил Зејнелов, кој на 1 ноември 2024 година на свиреп начин ја уби штипјанката Емилија Пешева, денеска во Основниот суд во Штип на вовоедните и завршни зборови побараа обвинителот во Основното јавно обвинителство и двајцата адвокати на семејството Пешеви. На Зејнелов му се суди за кривично дело убиство извршено при семејно насилство или фемицид.

Според истрагата на Основното јавно обвинителство, за убиството на штипјанката Пешева обезбедени се докази според кои обвинетиот на 1 ноември 2024 година, при вршење семејно насилство, со умисла ја лишил од живот својата вонбрачна партнерка. Кога се уверил дека не дава знаци на живот, тој го напуштил местото и сам се пријавил во Полициска станица-Штип.

Обвинетиот Зејнелов ја призна вината и рече дека мотивот за убиството е неверство.

- Advertisement -
Ad image

Родителите на Емилија Пешева сметаат дека правдата за нив е доживотен затвор за убиецот на нивната ќерка. Тие сведочат дека Зејнелов по извршување на убиството веднаш не се пријавил во Полициска станица Штип, туку заминал да ги потроши во коцкарница парите кои ги земал од нивната ќерка, а има и десетина повици упатени кон мајката на Емилија за да праша дали нејзината ќерка се вратила дома. Откако се осигурал дека Емилија не се вратила дома, се пријавил во Полициска станица-Штип.

– Барам доживотна казна затвор.Тоа имам да му порачам и да го замолам судијата, кога ќерка ми ќе излезе од гроб, тогаш и убиецот нека излезе од затвор – изјави мајката на Емилија Пешева.

Таа вели дека дента кога Зејнелов ја повикал да се видат во напуштениот објект на ЈП „Исар“ во близина на нивниот дом, во последен момент не дозволила со неа да замине и синчето на Емилија.

Родителите на Пешева тврдат дека Емилија постојано била малтретирана и тепана од страна на Зејнелов.

Претседател на судскиот кривичен совет, при Основниот суд во Штип за овој судски предмет е судијата кривичар Сашко Георгиев, кој откако завршија воведните и завршни зборови на обвинителството и адвокатите на убиената Пешева и на адвокатот по службена должност на Зејнелов, најави дека пресудата ќе биде објавена во среда на 12 февруари 2025 година во 13 часот во Основниот суд во Штип.

фото: МИА

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation