Background

Додека регионот се соочува со енормни поскапувања, во Македонија бензините остануваат со иста цена, додека цената на дизелот се зголемува само за 3,5 денари наспроти очекувањата дека ќе поскапи за 10,5 денари по литар

Додека регионот се соочува со енормни поскапувања, во Македонија бензините остануваат со иста цена, додека цената на дизелот се зголемува само за 3,5 денари наспроти очекувањата дека ќе поскапи за 10,5 денари по литар, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Со одлука на Владата за намалување на ДДВ на нафтените деривати од 18 на 10% се спречи поскапување на горивата и се постигна нивна стабилизација. Со намалување на ДДВ за горивата директно се интервенираше во намалувањето и стабилизирањето на цените, со што цените на нафтените деривати се намалија од 6,5 до седум денари за литар гориво.

Според пресметките дневната заштеда за граѓаните е повеќе од 200.000 денари, додека на неделно ниво заштедата е приближно 1,5 милиони евра. Со ова, се потврдува дека навремената и прецизна интервенција на државата го прекина трендот на раст на цените, кој во спротивно ќе значеше поскапување за граѓаните и стопанството.

- Advertisement -
Ad image

Во услови на силен раст на цените на светските пазари, со оваа интервентна мерка на Владата за намалување на ДДВ-то се прекинува синџирот на поскапувањата, од горивата до храна и услуги“, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија останува со убедливо најниски цени на горивата од земјите од регионот и меѓу ретките земји од регионот коишто директно од буџетот го одржува и се грижи за стандардот на граѓаните.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation