По напорниот меч на „Австралија опен“, славниот тенисер Новак Ѓоковиќ на камерата нацрта срце и напиша „За Соња“, па победата ѝ ја посвети на девојката која беше удрена од автомобил и повредена на студентските протести во Белград.
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ со голема мака, во 3 сета победи против Томаш Махач во третото коло на Австралија Опен и се пласираше во четвртфиналето на првиот Гренд слем во годината.
Иако беше изморен и нервозен од тоа што работите не му одеа според планот, тој сепак на крајот на мечот го прифати фломастерот од организаторите на турнирот, па се потпиша на една од камерите што вршеа директен пренос.
Тој на камерата напиша „За Соња“ и нацрта срце, а победата ѝ ја посвети на младата бруцошка од Правниот факултет.
Инаку, студентката вчера беше прегазена во текот на студентските блокади во градот. По немилиот настан кој се случи вчера, на социјалните мрежи почна да се споделува видео на кое возач поминува со автомобилот низ толпата и удира девојка која стои на тротоарот. Девојката заврши на покривот на автомобилот, од каде што се преврте и падна на улица.
Таа потоа беше однесена на Ургентниот центар во Белград, со сериозни повреди, а полицијата набргу успеа да го пронајде возачот кој избега од местото на несреќата.
Инаку, Новак ги сподели првите впечатоци за мечот во интервју на теренот со Андреа Петковиќ.
– Беше жешко. Се обидував да останам смирен и да се изразувам дипломатски. Резултатот е изненадувачки, добив во 3 сета, се борев физички со себе, но успеав да ја подобрам играта и сервисот ме служеше. Во третиот сет ја играв својата игра. Ова е најдобриот меч кој сум го одиграл – рече Новак.
Тој потоа се осврна на неговите физички проблеми кога беше побарал медицински тајмаут.
– Се обидував да дојдам до здив, имав проблеми, немам веќе 19 години – рече Новак, по што Андреа му даде комплимент дека изгледа како да има 19 години.
Eден навивач викнал „Омажи се за мене“.
– Извини, другар, имам жена. Можеме да одиме на пијалак. Можеби веќе си испил неколку. Тој и јас одиме подоцна во четвртиот сет – се пошегува Новак со навивач кој очигледно беше „под влијание”.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
