Променливо облачно со повремен слаб локален дожд ќе биде времето денеска. По одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, во делови од котлината магливо. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Во вторник ќе се задржи променливо облачно време со локални слаби врнежи, кои поради продор на постудена воздушна маса ќе бидат претежно од снег.
До среда ќе дува умерен до засилен северен ветер.
Во среда и четврток ќе преовладува стабилно време, а во петок и во деновите од викендот на повеќе места се очекуваат врнежи од дожд и снег. Температурите ќе бидат во опаѓање.