Background

До април 2027 година ќе може да се патува без дозвола за патување во Европската Унија кога европски систем за информации и овластување за патување (ETIAS) ќе стане задолжителен во повеќето земји од Шенген зоната

До април 2027 година ќе може да се патува без дозвола за патување во Европската Унија кога европски систем за информации и овластување за патување (ETIAS) ќе стане задолжителен во повеќето земји од Шенген зоната, објави „Schengen,News“

Ова е трето одложување на примената на овој систем. Системот првично беше најавено дека ќе се применува од  почетокот на 2022 година, но се соочи со низа одложувања, а последниот датум беше мај 2025 година.

Според Генералниот директорат за миграција и внатрешни работи на ЕУ, ЕТИАС системот се очекува да биде готов дури во октомври 2026 година и треба да почне да се применува 6 месеци по воведувањето на системот за за влез/излез (ЕЕС).

- Advertisement -
Ad image

Ќе има преоден и грејс период, на секои шест месеци, што значи дека ETIAS ќе стане задолжителен за мнозинството земји во април 2027 година и целосно задолжителен во октомври 2027 година.

Имплементацијата на ETIAS е поврзана со онаа на системот за влез/излез (ЕЕС) кој по повеќето одложувања, ЕУ се согласи постепено да го воведува од октомври годинава. Постепеното спроведување на ЕЕС значи дека земјите-членки ќе можат постепено да го лансираат новиот граничен систем во период од шест месеци.

Доколку ЕУ одлучи да го воведе ЕЕС во октомври 2025 година, земјите-членки ќе треба да регистрираат 10% од патниците кои ја преминуваат границата по првиот месец.

Во текот на првите 60 дена, системот може да работи без биометриски функционалности. Сепак, по три месеци, во јануари 2026 година, сите земји-членки треба да управуваат со ЕЕС со биометриски функционалности, а во април 2026 година треба да биде завршено воведувањето на ЕЕС.

Штом EES е целосно ќе биде имплементиран, ETIAS ќе почне да се применува. Планиран е преоден период за примена и на овој систем кој ќе трае од октомври 2026 година до април 2027 година. Во овој период патниците ослободени од виза треба да аплицираат за ETIAS, но ќе им биде дозволен влез во Шенген зоната  дури и без дозвола за патување и престој  под услов да ги исполнуваат другите критериуми за влез.

По шестмесечниот преоден период, во април 2027 година, ETIAS ќе стане задолжителен за сите, освен за оние кои влегуваат во ЕУ за прв пат по завршувањето на преодниот период. Оваа група патници ќе има грејс период од шест месеци, до октомври 2027 година.

Имајќи ги предвид овие пресметки ETIAS ќе стане задолжителен за мнозинство во април 2027 година и целосно задолжителен за сите патници ослободени од виза во октомври 2027 година.

Почнувајќи од денот на примената на ЕТИАС системот околу 1,4 милијарди луѓе од 59 земји и територии ослободени од визи треба да имаат одобрение за патување за да влезат во 30 европски земји на краток престој до 90 дена во период од 6 месеци. Овие правила нема да важат за Ирска и Кипар, како и за Лихтенштајн, Норвешка, Исланд и Швајцарија. Регулативите ќе важат за патници и од Америка, Австралија, Велика Британија, Украина, Јапонија, Бразил, Аргентина, но и земјите од Западен Балкан, како Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Албанија.

ЕТИАС ќе важи три години, а во тој период ќе бидат дозволени неограничен број посети на овие земји. Ќе биде поврзана со пасошот на патникот, па кога ќе истече патниот документ, потребно е да се аплицира за нова дозвола.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation