Дизајнер на шапката, која го украде вниманието на инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, е Ерик Џавитс.
– Искрено, сè додека не се појави со шеширот на глава не бев сигурен дали воопшто ќе го носи. Знам дека ѝ се допадна, но никогаш не се знае – откри Џавитс.
Тој контактирал со стилистот на Меланија Трамп, Хрв Пјер, кој му кажал дека првата дама сака да носи негова шапка на инаугурацијата и дека веќе има една.
Самиот Ерик никогаш не ја сретнал Меланија.
Шапката е рачно изработена, а само 8 проценти од шиењето било машинско.
Погледнете како изгледала изработката на шапката на Меланија.