Директорот на новоформираната хуманитарна фондација за Газа поднесе оставка

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Шефот на новата хуманитарна фондација за дистрибуција на помош во Појасот Газа поднесе оставка, објави синоќа организацијата поддржана од САД.

Извршниот директор на Хуманитарната фондација Газа (GHF), Џејк Вуд, изјави дека не е можно да се спроведе планот на организацијата за помош на Појасот Газа „со строго почитување на хуманитарните принципи на хуманост, неутралност, непристрасност и независност“.
Организацијата, основана пред неколку месеци и со седиште во Женева, на 14 мај објави дека планира да дистрибуира околу 300 милиони оброци во текот на почетниот 90-дневен период.

ОН и невладините организации постојано изјавуваат дека нема да учествуваат во распределбата на помошта од оваа фондација, која е обвинета за соработка со Израел.

ОН оцени дека фондацијата не ги почитува принципите на „непристрасност, неутралност и независност“.

Невладината организација „Триал Интернешнл“ во петокот соопшти дека побарала од швајцарските власти да покренат административна истрага за да утврдат дали GHF го почитува законот, особено во врска со планираното користење на безбедносни компании за транспорт на помош од граничните премини до дистрибутивните точки.

„Пред два месеци, бев замолен да го водам GHF поради моето искуство во хуманитарната област. Како и многу други низ целиот свет, бев ужаснат и шокиран од кризата со глад во Газа“, рече Вуд, додавајќи дека се чувствувал „приморан“ да помогне.

Кон средината на март, по двомесечно примирје, Израел ја продолжи својата офанзива врз Појасот Газа и ги интензивираше воените операции на 17 мај, со цел уништување на палестинското движење Хамас, ослободување на преостанатите заложници и преземање на контролата врз територијата.

Во нападот на Хамас во Израел на 7 октомври 2023 година, на израелска страна загинаа 1.218 луѓе, повеќето од нив цивили, според пресметката на АФП врз основа на официјални бројки. Од 251 лице киднапирано тој ден, 57 останаа во Газа, од кои најмалку 34 се мртви.

Речиси 54.000 жители на Газа, претежно цивили, се убиени во израелската воена кампања, според бројките од Министерството за здравство на Газа, кое е под контрола на Хамас, кои ОН ги смета за веродостојни.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article