Background

Димитриеска Кочоска најавува силна борба со сивата економија во 2026 година

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска за следната година најавува силна борба против сивата економија и одливот на даноците поради тоа.

- Advertisement -
Ad image

Според неа, дигитализацијата на сите институции е еден од основните предуслови за намалување на сивата економија.

– Мојот фокус и понатаму останува на прибирањето на даноците и на намалување на сивата економија. Е-фактура е проект што сериозно се работи и очекувам во текот на следнава година да почне да функционира. Паралелно се работи и на законот за е-фактура. Дигитализацијата на УЈП е приоритет, тука мислам на врзување на системите меѓу себе. За мене е несфатливо како може во 2026 година да не може со внесување на даночен број и со еден клик во систем да ги добиете сите податоци за еден правен субјект, колкави обврски има за секој поединечен данок, дали редовно плаќа или не итн. Продолжуваме и со понатамошна дигитализација на Царинската управа. Министерството за финансии има целосна техничка поддршка од страна на Министерството за финансии на САД (US Treasury) и сметам дека сега е вистинскиот момент за доведување на работите во правилна насока – вели Димитриеска Кочоска во интервју за Економија и Бизнис.

Таа споделува информација од анализа на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), според која, даночните трошоци во Македонија се 4,75 % од БДП, што, според неа е огромен износ кој треба да се намали.

– Мојот фокус е намалување на процентот, односно сите закони од областа на даноците и на царините ќе бидат отворени со цел да видиме каде имаме неусогласености и не прибираме доволно приходи – вели Димитриеска Кочоска.

Во контекст на дигитализацијата, министерката најавува и дигитално поврзување на менувачниците во земјата со цел да се обезбеди поголема контрола на нивното работење.

– Сериозно ја анализирам потребата од поврзување на сите менувачници во државава во еден систем. Ова сметам дека сериозно ќе влијае на намалување на сивата економија во државава. Кога зборуваме за системи морам да напоменам дека за финансиските друштва воспоставуваме еден софтвер кој треба да ја олесни контролата кај нив, а согласно тоа произлегува и потребата за менување на Законот за финансиски друштва – вели таа.

Како еден од состемите каде што е можно одливање на даночните приходи Димитриеска Кочоска го наведува и организирањето игри на среќа.

– Законот за игри на среќа е во собраниска процедура. Покрај повисокиот приход за буџетот од повисоките давачки за овие правни субјекти, планот е во 2026 година да се направи нов систем што ќе ги контролира и овие правни субјекти и ќе ги спречи сите можни злоупотреби – вели таа.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation