Грант Мекивер, Брус Еперсон, Еди Барето, Џон Николас и Рој Николас се дел од криминална екипа која продавала илјадници фалсификувани апчиња на тинејџери и млади возрасни низ Њујорк, според обвинението откриено во федералниот суд на Менхетен.
– Денес, правдата е задоволена – изјавил специјалниот агент на ДЕА, Френк Тарентино, пишува Њујорк Пост.
– Иако апсењето на овие пет лица нема да ги врати изгубените животи, се надеваме дека ќе им донесе некаков степен на смиреност на семејствата кои продолжуваат да тагуваат – рече тој.
Петтемина мажи наводно ги снабдувале со дрогата одговорна за смртта од предозирање во јули 2023 година, внукот на легендарниот актер, Леандро Де Ниро Родригез – а исто така продавале и дрога што ја уби 19-годишната Акира Штајн, ќерка на гитаристот на „Блонди“, Крис Штајн, соопштиле полициски извори.
Софија Хејли Маркс (20), наводна дилерка на дрога позната како „Принцезата Перкосет“, е посебно обвинета дека е лицето кое му ги продало на Де Ниро Родригез апчињата од кои се предозирал.
Според обвинителството, тие ги продавале апчињата на тинејџери и млади лица во Њујорк, изложувајќи ги на смртоносен ризик.
19-годишниот внук на славниот актер бил во центарот на Менхетен кај негов пријател на 2 јули 2023 година, кога проголтал силна фентанилна таблета и доживеал фатално предозирање.
Федералните обвинители изјавија дека сите петмина биле уапсени во текот на изминатата недела, вклучително и во Тексас и северниот дел на Њујорк, и дека се притворени.
Иако во обвинението не се наведени имињата на жртвите, полициски извори ги потврдиле идентитетите.
 
							 
								 
			

 



 
                               















 
		 
		 
		 
		 
		







 
		 
		 
		 
		