Пејачката Џенифер Лопез ги шокираше обожавателите со исклучително смело издание кое ја откри нејзината интимна зона додека настапуваше како дел од Ворлдпрајд во Вашингтон.
Настапот на Џенифер Лопез беше обележан со бројни хитови и низа впечатливи костими, а костимот од дизајнерското дуо „Блондс“ од Њујорк привлече посебно внимание.
Станува збор за блескаво, сребрено боди со длабоко деколте и сјајни украси кои блескаа под светлата.
Пејачката ја комплетираше целата модна комбинација со високи, светкави чизми.
Покрај споменатите модни изданија, пејачката носеше и црн комбинезон креиран од Реј Ортиз.
Ѕвездата ги сподели своите бројни модни комбинации на својот профил на Инстаграм и им се заблагодари на дизајнерите и стилистите во посебна објава.
Она што го „привледе“ вниманието на сите беше костимот кој откриваше повеќе отколку што ја криеше нејзината интимна зона.
Имено, во коментарите, речиси сите истакнаа дека ова смело издание на Џенифер Лопез е премногу.
„Зошто не излегува гола, кога можеш да видиш сè вака и сè е како што сакаш“, „Премногу е згодна, но ова е премногу дури и за ова тело“, се само дел од коментарите.
Пејачката Џенифер Лопез ги шокираше обожавателите со исклучително смело издание кое ја откри нејзината интимна зона додека настапуваше како дел од Ворлдпрајд во Вашингтон.