Музичката ѕвезда Џастин Бибер започна бизарна теорија на заговор со нова објава. Тој објави неколку фотографии на Инстаграм со жена во прегратки, за која се претпоставува дека е неговата сопруга Хејли Бибер.
„Моето секогаш и засекогаш“, напиша тој во описот на фотографиите.
Бидејќи фотографиите се со мошне лош квалитет и не може да се види лицето на жена, некои обожаватели на Бибер не се сосема сигурни дека станува збор за сопругата на пејачот.
„Таа не изгледа како Хејли“, „Која е девојката на фотографијата?“, „Тоа не е Хејли“, се редеа коментарите под објавата.
Хејли не беше означена на фотографиите, ниту ги сподели на својот инстаграм-профил, што таа обично го прави, но Бибер се потруди да го означи својот бренд „Skylrk“, што само предизвика дополнителна збунетост.
Но, и покрај прашањата што ги покрена неодамнешната објава на Бибер, другите обожаватели ја поддржаа двојката и рекоа дека е убаво што повторно ги гледаат заедно на фотографиите.
„Ве молам, само дозволете му на овој човек да живее и да ја прегрнува својата сопруга“, „Вие во коментарите сте луди. Секогаш велите зошто не ја објавува својата сопруга, а кога го прави тоа, сите сега пишувате дека не е Хејли. Земете здив“, се некои од коментарите.
Објавата доаѓа во време кога обожавателите веќе изразија загриженост за нивниот брак и за пејачот воопшто. А исто така, и извори блиски до славната двојка велат дека нивниот брак поминува низ криза.