Вооружени полицајци кои го чуваат градоначалникот на Лондон, Садик Кан, заборавиле торба со оружје пред неговата куќа, а минувач предупредил за тоа, јавуваат медиумите.
Градежниот работник Џордан Грифитс изјавил за „Сан“ дека неговата девојка ја пронашла торбата на патот во јужен Лондон во вторник вечерта.
Торбата содржела полуавтоматска карабина „Хеклер и Кох МП5“, пиштол „Глок“, тазер и муниција, објави весникот.
– Не можев да им верувам на своите очи – изјавил Грифитс за „Сан“.
Работникот се јавил во полиција и им кажал што пронашол, по што тие дошле во рок од неколку минути за да го земат оружјето, рекол тој.
-Ми беше кажано дека таму ги оставил еден од безбедносните службеници на Садик Кан, што има смисла бидејќи тој живее тука – изјавил тој.
Полицијата ги потврди неговите наводи, како и фактот дека оружјето било нивно.
„Во оваа фаза, се верува дека торбата ја изгубиле полицајците на должност непосредно пред минувачот да ја пронајде“, објави Метрополитенската полиција.
Портпаролот на градоначалникот изјави дека тоа е сериозен проблем
– Ова е многу сериозен инцидент и е пријавен во Дирекцијата за професионални стандарди на Метрополитенската полиција. Сега мора да преземе сите чекори за да се осигури дека таков инцидент никогаш повеќе нема да се случи – рече тој.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
