Девизните резерви на крајот на август 2025 година изнесувале 4,754 милијарди евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 84,5 милиони евра, соопшти Народната банка.
Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (74,6%), по што следуваат монетарното злато (13,6%) и валутите и депозитите (11,7%).
Девизните резерви се средства коишто ѝ се веднаш расположливи на монетарната власт и се контролирани од монетарната власт, а служат за финансирање на платниот биланс преку интервенција на девизниот пазар со цел да се влијае врз девизниот курс и/или за други цели.
Останатите девизни средства се составени од девизните средства на централната банка коишто не ги исполнуваат основните критериуми за нивно вклучување во девизните резерви.