Деветмесечно бебе било пронајдено мртво во автомобил пред градинка. Веднаш била повикана брза помош, но лекарите и покрај обидите за реанимација, можеле само да констатираат смрт.
Според досегашните информации, детето било заборавено од мајката, која изутрината не го оставила во градинката во Никозија, туку отишла на работа, несвесна дека бебето сѐ уште е во автомобилот.
Според изворите, мајката утрото го возела детето во автомобилот и требало да го остави во градинката која се наоѓа веднаш до нејзиното работно место. Наместо тоа, таа веднаш отишла на работа, несвесна дека бебето е оставено во автомобилот. Автомобилот цел ден бил паркиран на истото место, а детето со часови било внатре.
Ужасот бил откриен во попладневните часови.
Кога мајката ја завршила смената и отишла да го земе детето, дури тогаш сфатила дека тоа утро не го оставила во градинка. Таа побрзала кон автомобилот, но веќе било предоцна за бебето. Веднаш била известена полицијата и покрената е истрага за утврдување на точните околности на трагедијата. Мајката е под истрага и се очекува нејзино апсење. Истрагата е во тек.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
