Топ Вести - Слушај сега
Во засилени полициски контроли спроведени во изминатото деноноќие низ целата држава, лишени од слобода се девет возачи, а со еден родител бил извршен службен разговор поради безобѕирно управување со возило.
Од Министерство за внатрешни работи информираат дека најголем дел од санкционираните, седум лица, управувале возило без возачка дозвола. Четворица од нив биле затекнати во Скопје, а по еден во Гостивар, Кавадарци и Велес, каде меѓу нив имало и малолетник.
Дополнително, двајца возачи биле приведени во Струмица поради возење под дејство на алкохол, додека во Ресен бил уапсен возач кој управувал автомобил и покрај активна забрана за возење од Б категорија.
Од полицијата најавуваат дека по целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни кривични пријави. Воедно апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата, да не седнуваат зад волан без дозвола или под дејство на алкохол и со тоа да придонесат за побезбедни патишта.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
