„Мал авион се урна во Мавровското Езеро. Во авионот имало две лица, од кои едното е повредено. Инцидентот бил пријавен на број 112, а информацијата веднаш е проследена од страна на Центарот за управување со кризи до СВР Тетово, Итната медицинска помош и Регионалниот центар за управување со кризи за итна интервенција“, соопшти директорот на ЦУК, Мухамед Али.
Авионот е регистириран за четири лица.


























