Најмалку 12 Палестинци, од кои десет од исто семејство, загинаа во израелските воздушни напади врз Појасот Газа.
Официјалната палестинска новинска агенција ВАФА објави дека 12 лица загинале во нападите врз Кан Јунис во јужна Газа и Беит Лахија во северна Газа.
Беше објавено дека израелски авиони бомбардирале куќа на семејството Ал-Фера во Кан Јунис, при што загинале десет членови на семејството.
Најмалку две лица загинаа, а голем број се ранети во напад со беспилотни летала на израелската армија на точка каде што се собрани Палестинците во регионот Ататра, западно од Беит Лахија.
Повеќе од 50.800 Палестинци, главно жени и деца, се убиени во Газа за време на израелските напади од октомври 2023 година.
Во ноември минатата година, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.
Израел, исто така, се соочува со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради војната во енклавата.