Денови пред хаосот во Катманду биле споделувани снимки од нивниот живот

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Децата на политичарите од Непал, наречени „непо-деца“, станаа симбол на јавниот гнев што се излеа во протестите во главниот град Катманду. Во неделите што претходеа на насилните протести, фотографии и видеа што наводно го прикажуваат раскошниот живот на децата на функционерите беа широко споделувани на социјалните мрежи.

На снимките, синови и ќерки на министри и судии позираат со кутии од „Луј Витон“, вечераат во луксузни ресторани и се возат во „Мерцедеси“.

Привремената владина забрана за пристап до социјалните мрежи била една од причината која доведе до насилните протести на таканеречената Генерација „Z“ во Непал. Во протестите беа спалени куќите на повеќе функционери, претепан беше министер, додека, видеа сугерират дека премиерот кој даде оставка успеал да избега со хеликоптер на кој со јаже висеа дел од министрите.

 

 

На самите протести беше користен хаштагот „непо-деца“(#nepokids).

– Контрастот меѓу привилегиите на елитата и секојдневните тешкотии на народот создаде експлозивна енергија – рече Ракиб Наик, директор на Центарот за проучување на организираната омраза во Вашингтон.

Во некои објави се тврди дека синот на министер позирал покрај „Картие“ и „Луј Витон“ подароци наредени како елка. Во друго видео, синот на поранешен судија вечерал во ексклузивен ресторан. Иако дел од материјалите не се потврдени, нивниот ефект врз јавноста бил силен и недвосмислен.

 

- Advertisement -
Ad image

 

„Транспаренси интернешнл“ го вброи Непал меѓу најкорумпираните држави во Азија. Парламентарна истрага открила проневера од најмалку 60 милиони евра за време на изградбата на аеродром во градот Покара.

 

- Advertisement -
Ad image
Share This Article