Денеска во Владата се одржа првата средба на новоформираната работна група со членови од повеќе министерства и од ЗЕЛС, чија задача е подготовка на законските измени за воведување на општокорисна работа за младите лица кои извршиле вандалски дејства

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Денеска во Владата се одржа првата средба на новоформираната работна група со членови од повеќе министерства и од ЗЕЛС, чија задача е подготовка на законските измени за воведување на општокорисна работа за младите лица кои извршиле вандалски дејства. Оваа работна група беше формирана откако Владата на Република Македонија ја прифати иницијативата, поднесена од ЗЕЛС, која произлезе како предлог од градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

– Денеска успешно ја започнавме дебатата во рамки на новоформираната работна група, чија цел е подготовка на законските измени за воведување на општокорисна работа за младите кои извршиле вандализам. Како ЗЕЛС, сме задоволни од конструктивноста на средбата и одлучноста на Владата да ја прифати оваа иницијатива. Формирањето на работната група во рекордно време е показател за сериозниот пристап кон ова прашање – изјави претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека со иницијативата се очекува младите кои извршиле вандализам, наместо стандардни казнени мерки, да бидат насочени кон општокорисни активности, со што ќе се поттикне нивната општествена одговорност и активно учество во заедницата.

Ѓорѓевски вели дека сите страни заедно заклучиле дека „вандализмот е проблем кој бара системско решение, а воведувањето на општокорисната работа ќе придонесе за создавање свесност кај младите и ќе помогне во спречување на идни негативни појави. Нашата цел не е само санкција, туку пред сè превенција и воспитување на младите за одговорност кон заедницата“.

На средбата, која ја иницираше градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, присуствуваа и министерот за локална самоуправа, претседателот на Советот на Град Скопје, градоначалникот на Ѓорче Петров и заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади.

Министерот за локална самоуправа Златко Перински се заблагодарил на пројавениот интерес на сите чинители и потенцирал дека е можен успех само доколку сите одговорни фактори застанат зад решенијата што се предлагаат.

– Со изменетата законска рамка, практично ќе се создаде правна основа за зголемување на ингеренциите на постоечките комунални редари, материја која ќе се доуреди со Законот за комунални дејности. Во случајов, со овој механизам нема да се превенира само малолетничкиот вандализам, туку вандалското однесување и девијантните појави, без оглед на возраста на сторителите – потенцираше Перински.

Министерството соопшти дека целта е да се постигне трајно системско решение со кое ќе се санкционира таквото однесување, но и „да се акцентира потребата од создавање на систем за правилен третман и превенција од ваквите случаи кои се честа појава“.

На средбата биле дискутирани измени во повеќе закони, како што се  Законот за прекршочна постапка, Законот за пробација и Законот за правда за децата, а биле дискутрани и можни измени во Законот за семејство и Законот за извршување на санкции, со што би се опфатиле и родителите во овој процес.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article