Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб јужен ветер, најавува Управата за хидрометеоролошки работи.
По котлините ќе има појава на магла и ниска облачност која во текот на денот ќе слабее.
Утринските температури ќе се симнат од минус 5 во Берово, до 4 степени во Гевгелија, а максималната температура ќе се искачи од 4 во Маврово, до 12 степени Целзиусови во Гевгелија.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и тивко со појава на магла. Минималната температура ќе биде до минус 1, а дневната до 8 степени.
Во следните денови времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со пораст на дневната температура, особено на планините.
По котлините ќе се задржи магливо и постудено со пониска дневна температурата.
Постојната снежна покривка значително ќе се намалува од крајот на работната недела.

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
Copyright 2025 OhridSky
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
