Background

Денеска попладне ќе биде пуштен првиот воз

Железници Транспорт соопшти дека од Организацијата на грчките железници (OSE) известиле дека од денеска во 19 часот, повторно ќе биде воспоставен железничкиот сообраќај на делницата Солун – Поликастро – Идомени.

„Поради тековните работи на реконструкција на инфраструктурата, во периодот од четврток  (27 февруари) од 18 часот до вторник (4 март) во 07.30 часот, овој дел од пругата ќе биде подложен на дополнителни градежни активности“, се наведува во соопштението.

Во овој период, железничкиот сообраќај ќе биде дозволен исклучиво со дизел локомотиви, и тоа во следните термини:  од 26 февруари (19.00 часот) до 27 февруари (06.30 часот), од 27 февруари (19.00 часот) до 4 март (06.30 часот).

- Advertisement -
Ad image

Почнувајќи од 4 март (19.00 часот), сообраќајот ќе се одвива секој ден од 19.00 до 06.30 часот, до следно известување.

Останува на сила целосна забрана за железнички сообраќај на делот Поликастро – Идомени (км 58+010 до км 75+500) сè до дополнително известување.

„Грчките железници апелираат до сите железнички оператори и машиновозачи да ги почитуваат пропишаните ограничувања на брзината на оваа делница за да се осигура безбедноста на патниците и товарниот транспорт“, се наведува во соопштението од Железници Транспорт-АД Скопје.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation