Земјата доживува еден од своите најкратки денови откако започнаа прецизните мерења. Ротацијата на планетата ќе заврши 1,25 милисекунди порано од вообичаеното.
Денешното скратување е дел од поширок тренд на забрзување на ротацијата на планетата, кој беше забележан уште во 2020 година.
Според научниците кои ги следат движењата на Земјата со помош на атомски часовници, слични отстапувања се забележани на 9 и 22 јули, а рекордот е поставен на 5 јули 2024 година, кога денот бил пократок за дури 1,66 милисекунди.
Причините за забрзаната ротација сè уште не се целосно јасни, но се сомневаат на промени во атмосферата, јадрото на планетата и влијанието на Месечината.
Доколку трендот продолжи, може да се случи првата „негативна престапна секунда“, односно одземање на секунда од официјалното време, што може да предизвика проблеми во дигиталните системи низ целиот свет.