Демант на Светозар Јаневски за објавен текст за М6 и Охридтурист

Saso
By Saso 11 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

До редакцијата Охридскај

До Охридскај

Сашо Денесовски Светозар Јанески сопственик на Групацијата М6 со закаснување испрати демант на објавен текст.Демантот интегрално согласно закон за информирање го објавува редакцијата Охридскај.На истиот демант ,редакцијата дава и свој одговор.

Демант!

Предмет: Барање за објавување на демант и извинување за изречени навреди и клевети во текстот насловен „Нови малверзации на М6 и Светозар Јаневски со имотот на Охрид Турист АД Охрид“ објавен на Вашиот портал на ден0 04.06.2025 година

Почитуван,

Во Вашио текст насловен „Нови малверзации на М6 и Светозар Јаневски со имотот на Охрид Турист АД Охрид“ објавен на Вашиот портал на ден 04.06.2025 година, почнувајќи од самиот наслов па низ целиот текст, правите наводна аналоза на односите помеѓу компаниите М-6 ДОО Скопје и Екстра Скопско ДООЕЛ с.Косел Охрид, но за жал текстот претставува конструкција, која веројатно потекнува од лицето или лицата кои Ве информирале. Текстот изобилува со невистини, истиот е тенденциозен и со единствена намера да наштети на честа и угледот на Светозар Јаневски и угледот на компанијата М-6 ДОО.

Имено со насловот инсумирате претходни малверзации со имотот од Охрид Турист АД Охрид од страна М-6 ДОО и Светозар Јаневски по она што сте се обиделе да го обраложите во текстот е само некакво продолжение.

Во текстот наведувате проценка на имот судски одлуки некакви наводни влијанија, но целосно погрешно информирате,и не објаснувате која е целта на суштината на сите тие одлуки проценки итн, односно по чие барање тоа се правело. Пишувате дека сте подготвиле анализа која „го разгледува начинот на компанијата М-6 ДОО Скопје и нејзиниот сопственик СветозарЈаневски ги искористиле правните празнини и процедурални слабости за да се стекнат со контрола на значаен дел од туристичкиот имот во Охрид.“

- Advertisement -
Ad image

Ова ЦЕЛОСНО Е НЕВИСТИНИТО! М 6 ДОО Скопје нема стекнато акции во Охрид Турист АД Охрид по пат на судска постапка!

Пласирате теза дека М 6 Скопје „успешно ја искористила правната битка пред Основниот Граѓански суд од Скопје потврдено од Апелациониот суд Скопје за да се позиционира како мнозински акционер и да ги наметне своите услови.

Пресудата на која се повикувате е донесена во полза на Екстра Скопско ДООЕЛ с. Косел Охрид и се однесува на започнување постапка за статусни промени со издавање на Екстра Скопско ДООЕЛ с.Косел Охрид од Охрид Турист АД Охрид од таа пресуда М6 ДОО Скопје постапило во целост односно свикано е Собрание на акцинонери на АД Турист АД Охрид со таква точка на дневен ред и за таа точка М-6 ДОО гласало за таа точка гласал за и акционерот Екстра Скопско с.Косел Охрид што значи Екстра Скопско ДООЕЛ с.Косел Охрид не бил нагласан и не била наметната ничија волја како што сте можеле со лесно да го утврдите доколку сте посветеле минимално на професионалност при известувањето доколку повеќе што Екстра Скопско ДООЕЛ с.Косле Охрид ниту бил надгласан ниту била наметната нечија волја како што погрешно и тенденциозно наведувате во вашиот текст. Цитираната пресуда е правосилна и М -6 ДОО Скопје ја има испочитувано и исполнето во целост на прашање е дали судот може да се меша во автономноста на Собранието на акционери и надлежностите уредени со ЗТД а секако и да се меша во независнота на оној акционер поточнод дали Судот може да ги задолжува акционерите да гласаат на определен начин. Ние сметаме дека не може, но тоа е тема која бара посериозна анализа од државните органи и од посериозни медиуми.

- Advertisement -
Ad image

Во текстот наведувате дека „случајот со Охридтурист претставува класичен пример за тоа како влијателни бизнис групи и поединци можат да ги злоуопотребат правните механизми за да се стекнат со вредни имоти под цената“ , но не јасно е на кого мислите.

За ваша информација М-6 ДОО Скопје не сака да се врши поделба на Охрид Турист АД туку тоа да остане како целина на идна евентуална поделба инсистира ЕКСТРА Скопско ДООЛ с,Косел Охрид кој поседува 29.03% од акциите со право на глас за 29.03% од акциите кои ги поседува Екстра Скопско ДООЕЛ с.Косел Охрид, достави барање / понуда да ги стекне комплексот Летница, хотелот Орце Николов, и ресторанот Ориент.

Проценетата вредност на комплексот Летница од „спорната“ МУР СТИВЕНС ангажирана од органите на управување на Охрид Турист АД Охрид изнесува 10.099.429.00 евра , додека од „исправната“ ПРИМА ТИМ, ангажирана од ЕСКТРА Скопско ДООЕЛ с.Косел Охрид изнесува 9.760.000.оо евра. Проценетата вредност на хотелотОрце Николов според МУР СТИВЕНС изнесува 3.536.361.24 додека според ПРИМА ТИМ изнесува 4.218.000.00 евра. Проценета вредност на ресторан Ориент според МУР СТИВЕНС изнесува 997.045.30 евра, додека според ПРИМА ТИМ изнесува 850.000, 00 евра.

Колку вредат 29,03% или во апсулутна бројка 50.193 акции проценете сами или побарајте информација на македонската берза за хартии од Вредност па извлечете заклучок дали имотот на кој претендира Екстра Скопско ДООЕЛ с.Косел Охрид е еквивалент на вредноста на акциите кои тој ги поседува.

Велите дека акционерот ЕКСТРА скопско повеќе пати барал оргнизирање работен состанок за разгледување на забелешките на проценката. Одоборот на директори Охридтурист системски го одбивал ова барање. Ова е уште една тенденциозна невистина бидејќи по наше сознание одржани се неколку средби по барање на акциониерот Екстра скопско ДООЕЛ с.Косел Охрид, дури средба на која органите на управување и сопствениците на Екстра Скопско ДООЕЛ С.Косел Охрид изразиле желба да им честитаат на изборот на ново избраните членови од Одборот на директори на Охридтурист АД Охрид, но не на сите.

Од сето наведено прозилегува дека без да проерите релевантни информации кои н ги цитирате во вашиот допис објавувате текст кој невистинит и клеветнички.

Со ваквите написи директно нанесувате штета на Охридтурист АД Охрид и на неговите акционери ја нарушувате сигурноста на пазарот на хартии од врдност и предизвукувате вознемиреност кај инсветиторската јавност. Со тоа директно носите и дел од вината за недоволниот развој на Охридскиот регион како наша највредна туристичка дестинација.

Согласно одредбите од Законот за граѓанска одговорност Бараме од вас како ,медиум да го објавите овој демант и да се извините за изјавените клевети, а во спротивно ќе бидеме приморани да побараме судска заштита и исплата на надомест согласно законските оредби.

Со почит

Светозар Јаневски

РЕДАКЦИСКИ ОДГОВОР НА ДЕМАНТ

До: Светозар Јаневски

Предмет: Одговор на ваш демант од 12.06.2025 година


Почитуван господине Јаневски,

Во врска со вашиот демант од 12.06.2025 година, редакцијата на “Охридскај” ве информира за следното:

ПОЗИЦИЈА НА РЕДАКЦИЈАТА

Текстот објавен на наш портал на 04.06.2025 година со наслов „Нови малверзации на М6 и Светозар Јаневски со имотот на Охрид Турист АД Охрид” претставува официјална анализа и позиција на АД Охридтурист. Информациите содржани во написот потекнуваат од официјални извори и документи поврзани со предметната компанија,поточно од вашата Веб Страна на друштвото Охрид Турист АД Охрид линик до објава на АД Охрид Турист https://ohridturist.mk/?p=524.

РЕДАКЦИСКА ПОЛИТИКА

Редакцијата на “Охридскај” не објавува паушални обвинувања или неверифицирани информации. Секој наш напис се заснова на:

  • Официјални документи
  • Судски одлуки
  • Јавно достапни информации
  • Релевантни извори

СУДСКИ ОДЛУКИ И МЕДИУМСКО ИЗВЕСТУВАЊЕ

Во врска со вашето обвинување дека редакцијата била нерелевнтана ,а анализи требале да прават порелевантни медими, ве потсетуваме на следното:

Редакцијата има право и должност да информира за судски одлуки кои се од јавен интерес. Медиумите имаат уставно загарантирано право на слободно известување за прашања од јавен интерес, вклучувајќи и судски постапки.

Никој не е над судот – што значи дека ниту една страна, вклучувајќи ги и учесниците во судските спорови, не може да ги ограничи медиумските права на известување за правосилни судски одлуки.

ПРОФЕСИОНАЛНИ СТАНДАРДИ

Редакцијата ги почитува највисоките професионални стандарди при известувањето и:

  • Проверува информации преку повеќе извори
  • Се придржува кон етичкиот кодекс на новинарите
  • Обезбедува право на реплика и демант
  • Од наша страна беа направени обиди да се сослуша и другата страна ,Вие, но за жал сите обиди беа неуспешни.

ЗАКЛУЧОК

Редакцијата останува при својата професионална оценка дека објавениот текст се заснова на веродостојни информации и документи. Не наоѓаме основа за објавување извинување, но го почитуваме вашето право на демант и го објавуваме истиот во целост.

За понатамошна кореспонденција, редакцијата останува на располагање преку официјалните канали за комуникација.


Редакција “Охридскај”
Датум: 12.06.2025


Овој одговор се oбјавува во согласност со Законот за медиуми и професионалните стандарди за новинарство во Република Северна Македонија.

Сашо Денесовски -Главен и одговорен уредник

Share This Article