ОДГОВОР НА ДЕМАНТОТ: Кога вистината боли, се бараат адвокати
До Групацијата Новоматик Македонија и Макотен ДООЕЛ.Го примивме вашиот демант од 11 јуни 2025 година во врска со нашиот текст за двојните стандарди во применувањето на законот. Наместо да се извиниме, сметаме дека е време за јасен и директен одговор на вашите тврдења.
Новинарството не е криминал
Пред се’, сакаме да потсетиме дека новинарството не е криминал, а поставувањето прашања за работењето на јавни правни субјекти е основно право и должност на медиумите. Вашата закана со “соодветни правни лекови” е класичен пример на обид за заплашување на медиумите.
Прашањата остануваат отворени
Во нашиот текст поставивме конкретни прашања за практиките кои се применуваат во вашите објекти. Наместо да одговорите на овие прашања, вие избравте да се скриете зад општи фрази и правни закани.
Прашањата кои остануваат без одговор:
- За личните податоци: Велите дека постапувате “согласно законот”, но не објаснувате зошто е потребно фотографирање на лицето, копирање на лична карта и земање отисок од прст. Која е правната основа за толку инвазивно собирање биометриски податоци?
- За дозволата за пушење: Велите дека ги почитувате “сите прописи без отстапки”, но не одговаравте на прашањето за пушењето во затворени простори. Дали имате специјална дозвола за пушење спротивно на Законот за заштита од пушење?
- За забраната за повикување полиција: Воопшто не се осврнавте на најсериозното обвинение – дека на вработените им е забрането да ја известуваат полицијата при инциденти (поседуваме изјави од ваши гости)
Транспарентност наместо закани
Ако навистина работите “исклучиво согласно позитивните законски прописи”, тогаш:
- Објавете ги дозволите што ги имате за собирање биометриски податоци
- Покажете ја дозволата за пушење во затворени простори
- Објаснете ја постапката за справување со нарушување на јавниот ред (има настан кој патем не може да го сокриете)
- Одговорете на прашањата наместо да заканувате со тужби
Јавен интерес е над корпоративниот углед
Вашиот “корпоративен углед” не може да биде поважен од правото на граѓаните да знаат како работат компаниите во нивната земја. Ако сметате дека поставувањето прашања за вашето работење е “клеветење”, тогаш проблемот не е во нашите прашања, туку во вашите одговори.
Предизвик за отворен дијалог
Наместо да се скривате зад адвокати, ве поканувваме на отворен дијалог:
- Организирајте прес-конференција и одговорете на сите прашања
- Овозможете пристап до вашите објекти за новинарска провера
- Објавете документи кои ја потврдуваат законитоста на вашите практики
- Објаснете ги процедурите за заштита на личните податоци
Наша позиција останува непроменета
Нашиот текст се заснова на информации кои ги добивме од релевантни извори, а прашањата кои ги поставивме се легитимни и во јавен интерес. Не ќе се извинуваме за вршење на нашата новинарска должност.
Ако сметате дека имаме погрешни информации, покажете ни ги доказите. Ако сметате дека нашите прашања се неосновани, дајте ни одговори. Но не очекувајте дека ќе молчиме пред закани.
Пораката до другите медиуми
Овој случај е тест за слободата на медиумите во Македонија. Дали ќе дозволиме корпорациите да не заплашуваат кога поставуваме неудобни прашања? Дали ќе се предадеме пред првата правна закана?
Одговорот е јасен: НЕ!
Заклучок
Групацијата Новоматик може да ги повикува адвокатите, но не може да ја запре вистината. Прашањата кои ги поставивме остануваат валидни, а нашето право да ги поставуваме е заштитено со Уставот на Република Северна Македонија и ќе продолжиме и пнатака да бидеме коректори.
Очекуваме од надлежните институции да ги провераат нашите наводи, а не да се потпираат на демантите на корпорациите. Јавниот интерес е над корпоративните интереси.
Новинарството продолжува!
Овој одговор е објавен во рамките на нашето право на слободен говор и новинарска дејност, загарантирани со Уставот на РСМ и меѓународните конвенции за заштита на медиумите.
Сашо Денесовски-главен и одговорен уредник
Прилог :Демант испратен од Макотен до редакцијата Охридскај.Редакцијата демантот го објавува во целост
До
Македонската независна информативна агенција ohridsky.com
Главен и одговорен уредник Сашко Денесовски
ДЕМАНТ
на ваш текст со наслов „ ДВОЈНИ СТАНДАРДИ НА ПРАВНАТА ДРЖАВА: Додека се
гонат возачи, казината на „Новоматик“ се безаконие!“, објавен на 11 јуни 2025
година.
Почитувани, Групацијата Новоматк Македонија е реномирана корпорација која ја
врши дејноста игри на среќа исклучиво согласно поизтивните законски прописи.
Оттука, изнесенети тврдења во текстот се целосно невистинити и во правна смисла
претставуваат клеветење кое има за цел да го наруши нашиот корпоративен углед,
за што сме принудени соодветно да постапуваме.
Спротивно на тврдењата во текстот, сите објекти кои се во надлежност на Макотен
ДООЕЛ ги поседуваат неопходните лиценци и дозволи за работа издадени од
надлежни институции и истите се почитуваат без никакви отстапки од законските
прописи.
Во однос на дилемите кои ги отворате во текстот поврзани со лични податоци,
нашата компанија постапува исклучиво согласно Законот за заштита на лични
податоци и Законот за приредување игри на среќа и забавни игри, за што сме
овластени од Дирекцијата за заштита на личните податоци.
Сите објекти се подложени на редовни инспекциски контроли и во континуитет ги
обновуваме лиценците издадени од страна на надлежните државни институции.
Согласно погоренаведеното, Бараме да го објавите овој Демант и јавно, јасно и
недвосмислено да се извините во законски предвидениот рок. Во спротивно нашите
правни тимови ќе бидат принудени да преземат соодветни правни лекови за да ги
спречат обидите за нарушување на угледот и репутацијата на компанијата.
11 јуни 2025, Скопје