Background

Делови од Босна и Херцеговина се погодени од големи поплави по обилните врнежи во последните неколку дена

Делови од Босна и Херцеговина се погодени од големи поплави по обилните врнежи во последните неколку дена.

Најтешко се погодени северните и северозападните делови на земјата, каде што некои градови  веќе прогласија состојба на природна катастрофа и воведоа вонредни мерки за одбрана од поплави.

Додека реките Врбас и Врбанија во Бања Лука се повлекуваат, ситуацијата во Приједор се влошува. Покрај Приједор, алармантно е и во Сански Мост и во околните населби.

- Advertisement -
Ad image

Приједор веќе прогласи вонредна состојба, а од градот пристигнуваат снимки на потопени стамбени и деловни објекти, како и возила.

Тешка е состојбата и во приједорската населба Гомјеница, каде што куќите се под вода, а водената стихија меѓу нив носи сè пред себе. Водата стигнала до покривите на помошните објекти, а по дворовите пливаат автомобили, од кои се гледаат само крововите, пишуваат тамошните медиуми.

Градоначалникот на Приједор, Слободан Јавор, изјави дека се работи за една од најголемите поплави во историјата на градот. Тој објасни дека најкритичната ситуација е во Гомјеници и Тукови, но загрозени се и останатите месни заедници во горниот тек на реката Гомјеница. Најважно е, додаде, што нема жртви и што луѓето не се загрозени.

Ситуацијата дополнително се отежнува со прогнозата за нови врнежи.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation