Делегации и граѓани оддадоа почит за загинатите во земјотресот

Lorita
By Lorita
4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

На 26 јули, точно 62 години од катастрофалниот земјотрес што го урна Скопје и одзеде над 1.000 животи, бројни делегации и граѓани денеска оддадоа почит пред Споменикот на загинатите на Градските гробишта „Бутел“.

Градоначалничката Данела Арсовска, придружувана од советничката Ирена Витина и дел од нејзиниот тим, положи свежо цвеќе, додека градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ заеднички оддадоа почит во знак на солидарност и сеќавање.

– Скопје се сеќава на 26 јули 1963 година, ден кој засекогаш го промени ликот на градот, трагедија која одзеде над илјада животи. Никогаш да не се повтори! Овој ден е симбол на тага, но и одраз на човечноста и хуманоста во најтешките моменти – објави Арсовска на својот Фејсбук профил.

Симболиката на датумот не ја заобиколи ни политичката сцена, каде пораките не беа само комеморативни, туку и натпреварувачки.

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓоргиевски, кој важи за еден од кандидатите за челната позиција во Скопје на претстојните избори, преку социјалните мрежи испрати порака дека „по катастрофата, Скопје повторно се изгради, а ние како општество покажавме дека можеме да се издигнеме од пепелта и да продолжиме напред со обновена енергија и решителност“, додавајќи: „Скопје ќе биде повторно горд град.“

Во истиот дух, но со поостар политички тон, се огласи и кандидатката за градоначалничка од редовите на СДСМ, Каја Шукова. Во својата порака таа обвини дека актуелното локално раководство го разнебитува духот на градо.

– Скопје изминатите четири години беше силно погодено од неспособност, лични интереси и негрижа. Духот на Скопје се рушеше и обезличуваше секој ден, оставајќи ги скопјани немоќни пред партиските интереси – нагласи Шукова.

- Advertisement -
Ad image

И од највисоките државни позиции пристигнаа пораки. Премиерот Христијан Мицкоски потсети дека земјотресот е вечен симбол на човечка солидарност и издржливост.

– Земјотресот нè потсети дека животот може да се промени за миг. Но и дека во најтешките моменти, токму солидарноста, човечноста и заедништвото се темелот врз кој можеме повторно да го изградиме градот. Скопје е денес симбол на истрајноста и солидарноста! – рече премиерот Мицкоски.

- Advertisement -
Ad image

Од опозициската страна, лидерот на СДСМ Венко Филипче истакна дека сеќавањето на 26 јули не е само почит кон загинатите, туку и обврска за иднината.

„26 јули засекогаш ќе остане врежан во колективната меморија на Скопје – како потсетник дека имаме обврска, и ние и идните генерациите, да ја негуваме љубовта кон градот, никогаш да не ги заборавиме жртвите од земјотресот. Да продолжиме да го градиме Скопје и нашето општество врз вредностите што нè обединија тогаш и кои треба да нè обединуваат и во иднина – солидарноста, човечноста и заедништвото“, напиша Филипче.

Со тивка почит, но гласни политички пораки, Скопје повторно се соочи со својата историја – историја од урнатини, но и градителска сила која не се заборава.

Делегација од Левица составена од членовите на Централниот комитет – Андреа Јанков, Катерина Јовановска и Дарја Мустафаоглу, денес оддаде почит и положи свежо цвеќе на Споменикот на жртвите од катастрофалниот земјотрес кој на 26 јули 1963 година, во 5 часот и 17 минути, го погоди Скопје.

Share This Article