На српскиот министер за јавни инвестиции, Дарко Глишиќ, му се слошило за време на гостувањето во програмата на ТВ Пинк во живо. Дарко Глишиќ доживеал тежок мозочен удар, а лекарите се борат да го спасат неговиот живот, објави Новости.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, веднаш штом дознал што се случило со министерот, отишол во болница.
Министерот за здравство, Златибор Лончар, изјавил дека Глишиќ бил однесен во Ургентниот центар во исклучително тешка состојба, без свест.
– Во тек е дијагностика, дел од неа е веќе завршена и започната е терапија. Станува збор за исклучително сериозна состојба. Ќе се примени сѐ што медицината познава и што е можно да се направи. Сите сме загрижени, тука се и неговите најблиски, и луѓе од партијата, претседателот е од првиот момент покрај Дарко, исклучително загрижен. Ова нѐ потресе сите, но се надеваме дека со соодветна терапија и лекување ќе успееме. Факт е дека состојбата е исклучително тешка – рече Лончар.
Претседателот Вучиќ, кој се наоѓа во болницата, преку Инстаграм испрати кратка порака со поддршка за министерот Глишиќ:
„Даре, држи се! Нема предавање!“, напиша Вучиќ.