Постара жена (80) паднала од шести кат во зграда во Екатеринбург на покрив на паркиран автомобил и преживеала.
Според локалните медиуми, инцидентот се случил во повеќекатната зграда на улицата Белинског рано утрото на 15 април.
Моментот на падот го снимила надзорна камера. На видеото се гледа дека жената го преживеала падот, по што дури се обидела сама да стане. Полицајците брзо пристигнале на местото на настанот и, според очевидци, разговарале со неа.
– Истрагата прелиминарно утврди дека повозрасната жена поради сопствено невнимание се лизнала и паднала од прозорецот. Повредената е хоспитализирана во здравствена установа каде и е укажана потребната помош. Полицијата го истражува настанот – соопштија од полицијата.
Погледнете ја несекојдневната снимка од инцидентот:
Според очевидци, по инцидентот полициски службеници ги испрашале граѓаните и трагале по сопственикот на оштетениот автомобил.
Сопственикот на автомобилот во кој падна жената излезе и рече дека го разбудил алармот што се вклучил по падот, што може да се слушне на видеото погоре.
– Ја видов како лежи на мојот автомобил од прозорецот. Рекоа дека е сосед од шести кат. Во оваа зграда живеам 12 години, никогаш досега не сум ја видел и не ги познавам овие соседи – рекол сопственикот на автомобилот „Хјундаи“.
Тој додаде дека чека официјална проценка на штетата, по што ќе се консултира со адвокати за обесштетување.
Tagged as:
Дали смачканиот автомобил ја спасил несреќната жена?
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
