Дали САД веќе не брзаат за средба со претставниците на ЕУ?

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска изјави дека ќе се сретне со претседателот на САД, Доналд Трамп „кога ќе биде вистинското време“ и најави дека во наредните недели ќе го свика првиот Колеџ за безбедност, кој ќе го сочинуваат сите членови на Европската комисија (ЕК), со цел редовно да добиваат информации за безбедносните случувања.

На прес-конференција во Брисел, во пресрет на 100 дена од нејзиниот втор мандат на чело на Комисијата, Фон дер Лајен најави и презентација на омнибус пакет за поедноставување на правилата и за намалување на бирократијата, вклучително и во одбранбениот сектор, како и за усвојување законски предлог за враќање на мигрантите.

– Во следните недели ќе го свикам првиот Колеџ за безбедност. Ова ќе обезбеди членовите на Колеџот да добиваат редовни информации за безбедносните случувања, без разлика дали се работи за внатрешна безбедност или за надворешна безбедност, но исто така и за енергетика, одбрана, истражување – рече Фон дер Лајен, додавајќи дека за колективната безбедност може да се придонесе само ако заканите, вклучително и хибридната закана, се „јасно и длабоко разбрани“.

На прашањето дали мисли дека ќе мора да работи на деескалација на односите со САД за време на нејзиниот мандат, како што направи со Кина, Фон дер Лајен одговори дека „јасно е дека не“.

– Тоа е сосема поинаков однос со САД од оној што го имаме со Кина – нагласи претседателката на ЕК.

Прашана дали работи на средба со Трамп и за констатацијата дека се чини дека САД не брзаат да се сретнат со некој од претставниците на ЕУ, Фон дер Лајен потсети дека првпат се сретнала со Трамп кога тој бил во последната година од неговиот прв мандат, а таа била во првата година од нејзиниот прв мандат.

– Постојат контакти, но мислам дека ќе имаме лична средба кога ќе биде вистинскиот момент – рече Фон дер Лајен.

Одговарајќи на прашањето дали САД сѐ уште се сојузници на ЕУ по одлуката да ги прекинат воената помош за Украина и размената на разузнавачки информации со таа земја, таа посочи дека САД се сојузник во трансатлантската алијанса.

– Од гледна точка на ЕУ, мислам дека тоа е многу силен повик за будење и момент за Европа да ја засили својата одбрана сега и да си ја даде позицијата што ни е потребна – рече Фон дер Лајен.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article