Вицепремиерот и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека вечерва околу 20.47 часот полицијата добила дојава за поставена бомба во Народното собрание.
„Вечерва околу 20 часот и 47 минути е пријавена бомба во системот 192 во Народното собрание. На местото на настанот веднаш се испратени контрадиверзантски екипи кои ќе извршат целосен увид на овој објект“, изјави министерот Дачиќ.
Вечерва заврши бурната седница на српското Собрание, а членовите на Управата за криминалистичка полиција ќе спроведат увид на лице место откако три пратенички беа повредени, од кои едната доби и мозочен удар, кога пратениците од опозицијата за време на седницата фрлаа димни бомби, јајца, започнаа тепачка и запалија ракети.