„По 6-часовна тешка операција на срце кај бебе тешко само 2.5kg и по 11 дена поминати на ЕСМО (машина што ги заменува срцето и белите дробови), денес, за првпат во Македонија, детето е успешно одвоено од машината“, напиша детскиот кардиохирург д-р Владимир Чадиковски.
Детскиот кардиохирург, д-р Владимир Чадиковски, кој години наназад е вистински херој за многу родители, оперирајќи срца на бебиња и мали деца и грижејќи се за секое од нив, преку објава на Инстаграм Стори раскажа за уште една убава приказна.Тој објави две фотографии од тешка операција кое ја правел на бебе тешко само 2.5kg, а кое конечно почнало самото да дише, без помош на машина.
Во својата објава, која влева надеж за родителите и со што ја разнежни јавноста, тој напиша:
„По 6-часовна тешка операција на срце кај бебе тешко само 2.5kg и по 11 дена поминати на ЕСМО (машина што ги заменува срцето и белите дробови), денес за првпат во Македонија, детето е успешно одвоено од машината.
Се надеваме на брзо и успешно закрепнување во наредните денови. Браво за целиот медицински тим“.Бебето е од Охрид , редакцијата Охридскај посакува добро здравје на бебето,а воедно упатувае честитки до Д-р Чадиковски на неговата стручност и пожртвуваност.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
