Чудни нешта се случуваат во Балтичкото Море

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Шведскиот премиер, Улф Кристерсон, денеска изјави дека неговата земја „не е во војна, но нема ниту мир“, мислејќи на хибридните напади и прокси војната што се водат на нејзина територија, пренесоа француските медиуми.

–Шведска не е во војна, но не е ни во мир. Вистинскиот мир е слобода и отсуство на сериозни конфликти меѓу државите. Ние и нашите соседи сме цел на хибридни напади кои не се вршат со проектили и со војници, туку со компјутери, пари, дезинформации и закани за саботажа – рече тој за време на годишниот форум за одбрана во централниот град Селена.

Оваа безбедносна ситуација и фактот дека чудни работи продолжуваат да се случуваат во Балтичкото Море, додаде тој, „нѐ наведуваат да веруваме дека непријателските намери не можат да се исклучат“.

Во последните месеци во Балтичко Море се оштетени неколку електрични и телекомуникациски кабли. Според експертите и политичарите, оштетувањето на енергетската и на комуникациската инфраструктура е дел од „хибридната војна“ на Москва против Западот, забележуваат француските медиуми.

За време на својот говор, шведскиот премиер не обвини конкретна земја за оштетените кабли, но зборувајќи поопшто за хибридните напади во регионот, рече дека „руската закана секако ќе биде долгорочна. Таква треба да биде и нашата одбрана“.

Тој додаде дека шведската влада ја оценува таквата ситуација за „сериозна“ и верува дека земјата живее во „ера на прокси војни“.

Share This Article