Осум возачи биле приведени во текот на изминатото деноноќие поради безобѕирно управување со возило, соопшти полицијата. Дел од нив седнале зад волан без возачка дозвола, други возеле под дејство на алкохол, а имало и случаи на управување и покрај изречена забрана.
Четири лица биле затекнати како возат без возачка дозвола – по едно во Гостивар, Гевгелија, Валандово и Битола.
Под дејство на алкохол биле фатени двајца возачи, во Скопје и Прилеп. Дополнително, уште двајца управувале возило и покрај активна забрана – во Битола и во Кичево.
По целосно документирање на случаите, против сите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Од полицијата апелираат возачите да ги почитуваат сообраќајните правила, да не управуваат без дозвола, под дејство на алкохол или со изречена забрана, со цел да се зголеми безбедноста на патиштата.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
