1. Јогурт
Јогуртот е еден од најдобрите природни сојузници во борбата против надуеноста, благодарение на пробиотиците – „добрите“ бактерии кои ја поддржуваат здравата цревна флора. Редовното консумирање јогурт може да го подобри варењето и да ја намали непријатноста во стомакот. Истражувањата исто така покажуваат дека пробиотиците можат да ја подобрат фреквенцијата и конзистентноста на столицата, што дополнително помага да се намали надуеноста. За најдобар ефект важно е да изберете јогурт без додаден шеќер и со активни култури, пренесува Индекс.
2. Краставици
Краставиците се богати со вода и природни антиоксиданси, како што е кверцетинот, кој може да помогне во намалувањето на воспалителните процеси во телото. Освен што хидрираат, краставиците делуваат како природен диуретик – поттикнуваат исфрлање на вишокот течности од телото и го намалуваат задржувањето на водата, што е честа причина за надуеност.
3. Ѓумбир
Ѓумбирот е познат по своите антиинфламаторни својства и способност да го смирува дигестивниот систем. Оваа билка може да ја стимулира интестиналната подвижност и да помогне во елиминирање на гасовите, што значително го ублажува чувството на надуеност. Може да се конзумира како додаток на оброците, во вид на чај или свежо изрендан во смути.
4. Овесна каша
Овесот е богат со растворливи влакна, кои помагаат во регулирање на варењето и спречување на запек – една од главните причини за надуеност. Покрај тоа, овесната каша помага да се одржи стабилно ниво на шеќер во крвта, а со тоа се намалува ризикот од прејадување и дополнителен притисок врз желудникот. За најдобар ефект, се препорачува консумирање крупна овесна каша подготвена со вода или растително млеко.