Четири лица загинаа денеска во страшен судар на главниот пат Коњиќ-Јабланица кај Радешине, во Босна и Херцеговина, пишуваат босанските медиуми.
Во судирот учествувале еден камион и еден приватен автомобил, во кој имало 5 лица. Станува збор за семејство од Турција, сопружници и нивните деца.
Едно дете е повредено и пренесено во болница.
Според босанските медиуми, мајката и таткото загинале на самото место, а децата им подлегнале на повредите во болница.
Поради несреќата сообраќајот на оваа делница од главниот пат е во прекин.