Градоначалникот Кирил Пецаков по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до сите христијански верници кои го прославуваат празникот според Грегоријанскиот календар.
– Велигден е еден од најважните денови, симбол на надежта, ден кога ја славиме победата на животот над смртта и победата на доброто над злото. Ова е празникот на верата во Бога и како што нашиот Спасител покажа дека мирот и светлината може да ги победи страданието и темнината, така секој од нас може и мора да се бори за правдата, добродетелството и љубовта. Овој светол ден нека биде вечна стремеж кон поттикот за саможртва во секојдневието, длабоко уверени во потребата за човекољубие и почитување на христијанските вредности. Во ова време, во кое се соочуваме со бројни искушенија, потребна е сплотеност, меѓусебно почитување и уважување, за да можеме духовно исполнети да се справиме со нив.
Драги верници, празникот минете го во голема радост кон животот и љубовта, самопочитувањето и почитувањето на другите.
За многу години! – стои во честитката на градоначалникот Пецаков за Католички Велигден.
Tagged as:
ЧЕСТИТКА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПЕЦАКОВ ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
