Топ Вести - Слушај сега
Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков упати честитка до сите христијани кои го слават Христовото раѓање – Божиќ по грегоријански календар.
– На овој Свет и најголем ден, го славиме раѓањето христово кое е темел – основа на христијанската вера и христијанските празнувања. Празникот на радоста и милосрдието е пред нас. Раѓањето на Спасителот е чудо над чудата, празник над сите празници. Нашата радост, нашата молитва и нашите добри дела треба да го градат нашето спасение, а воедно и животен подвиг на секој вистински верник. За време на Божиќ, во молитвите да ги отвориме нашите срца уште еднаш да ја примат радосната вест и во духот на мирот и заедништвото да се радуваме на љубовта со која Бог сите нас не благослови.
Ова е ден за семејството, за љубов, за мир во душата. Да се обидеме да ја зачуваме божиќната магија во текот на целата година, за да бидеме подобри, да сакаме посилно и да правиме по едно мало чудо секој ден. Среќен Божиќ- се вели во честитката на градоначалникот Кирил Пецаков по повод Католички Божиќ.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖