Background

Бугарскиот историчар Ангел Димитров тврди дека македонскиот идентитет е производ на Белград и на Москва

„Македонскиот идентитет е производ на Белград и на Москва“.

Ова го вели бугарскиот историчар и копретседател на бугарскиот дел на мешовитата Комисија за историски и образовни прашања со Македонија, Ангел Димитров во презентацијата на својата книга „Бугарија и Република Северна Македонија. Средба меѓу историјата и политиката“.

Димитров истакна дека идејата за книгата потекнува од 2021 година. Тој својата работа ја дефинира како анализа на модерноста и нагласи дека книгата обработува прашања од големо значење како за иднината, така и за добрососедските односи меѓу двете земји.

- Advertisement -
Ad image

„Република Северна Македонија не може да избега од југословенската орбита во која е создадена. Тешко е да се излезе од ова наследство и тоа важи и за политичката класа“, рече бугарскиот историчар, пренесува БГНЕС.

Новата книга на Димитров е продолжение на „Република Македонија меѓу Југославија и национализмот“, објавена во 2011 година.

БГНЕС пишува дека новото истражување фрла светлина врз српско-југословенските планови за Македонија, причините за одбивањето на политичката елита во Скопје искрено да ѝ се приближи на Бугарија и нејзината папочна врвца со Белград и Москва.

– Зошто мораше да се напише оваа книга? Затоа што допира прашања со пулсирачко историско значење и директно влијание врз можноста за вистинска, добра и заедничка иднина меѓу двете соседни земји. Република Македонија не е во состојба да избега од југословенската орбита во која се креираше државната политика. Идеологијата на македонизмот е идеолошката оска на сите влади кои сносат одговорност за иднината на оваа држава (Република Македонија). Ни треба искрена, пријателска иднина меѓу двете земји – изјави Димитров.

Димитров објасни дека длабоката држава во Скопје има моќ да го обликува општеството и политиката. Во конкретниот случај, тоа се сите овие структури и поединци поврзани со старите служби кои ја држат економската моќ.

Според Димитров, македонскиот идентитет е производ на Белград и Москва, на старата српска доктрина на Стојан Новаковиќ и нејзината последователна модификација од страна на Коминтерната.

– Помирувањето е можно ако се постигне историска, социјална и политичка катарза. Се надевам дека луѓето не го изгубиле чувството за блискост со Бугарија – додаде историчарот.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation