Топ Вести - Слушај сега
Бугарија официјално ќе го воведе еврото како своја валута на 1 јануари 2026 година, заменувајќи го сегашниот бугарски лев (BGN) со фиксен девизен курс од 1 евро = 1,95583 лева. Со оваа промена земјата станува 21-ва членка на еврозоната.
Претходно земјата ги исполни сите формални критериуми, вклучувајќи инфлација, буџетски дефицит, долгорочни каматни стапки и стабилност на девизниот курс.
Покрај замената на левотот со евро, Бугарија ќе добие и место во Советот на гувернери на Европската централна банка, што ѝ овозможува директно да учествува во донесувањето одлуки за монетарната политика.
Граѓаните на Македонија кои во периодот на замена на валутите на 31 декември и 1 јануари ќе престојуваат во Бугарија треба да очекуваат технички застој во плаќањето со картички и вадењето пари на банкоматите во овој период и затоа треба да носат кеш во евра или левови со кои уште некое време ќе може да се плаќа во Бугарија.
Во овој период поради преминот од левови на евра, банкарските системи во Бугарија технички ќе бидат ресетирани на новогодишната ноќ. Ова значи дека ПОС терминалите во продавниците и рестораните привремено ќе бидат надвор од функција; банкоматите нема да издаваат пари и нема да прифаќаат картички; плаќањата со платежни картички нема да бидат можни во тој период.
Прекинот, како што е најавено, ќе трае од приближно 21.00 часот на 31 декември до приближно 1.00 – 1.30 часот на 1 јануари. Потоа системите постепено ќе се вратат на работа, но во новата валута – во евра.
Иако банкоматите потоа ќе бидат полни со евра и ќе почнат да работат од 1 јануари, пред нив ќе има големи турканици, но плаќањето со картички, се очекува да се реализира нормално.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖