Background

Бугарија добила дипломатска нота од Иран со предупредување да не дозволи користење на своите аеродроми за операции поврзани со нападите врз иранска територија

Бугарија добила дипломатска нота од Иран со предупредување да не дозволи користење на своите аеродроми за операции поврзани со нападите врз иранска територија.

Во документот од 18 март, кој излезе во јавноста, иранската страна остро реагира на присуството на американски авиони-цистерни, тврдејќи дека тие се користат за поддршка на бомбардерите. Истовремено, Софија инсистира дека станува збор за редовни воени активности на НАТО и дека нема директна поврзаност со конфликтот.

Се работи за американски авиони-цистерни распоредени на софискиот аеродром „Васил Левски“. Според иранското соопштение, и покрај тврдењата на Софија дека се работи за воени вежби, 12-те американски авиони се користат за поддршка и дополнување гориво на бомбардерите во „заедничката американско-ционистичка агресија врз Иран“.

- Advertisement -
Ad image

Заменик-министерот за надворешни работи на Бугарија Марин Рајков ја потврди автентичноста на нотата, но истакна дека нема причина за загриженост или паника во јавноста. Тој подвлече дека Бугарија одржува нормални дипломатски односи со Техеран и дека земјата не е вклучена во војната.

– Ниту еден борбен авион не ја користи Бугарија за учество во воени операции, ниту пак се врши полнење гориво за мисии поврзани со судирите. Авионите присутни на аеродромот ’Васил Левски‘ се дел од планирани активности за распоредување и обука на НАТО, а самата Алијанса не е ангажирана во воени дејствија – изјави Рајков, додавајќи дека бугарскиот Парламент нема донесено никаква одлука за учество во овој конфликт.

Во исто време, европските земји сè поотворено го ограничуваат учеството во логистиката на САД. Шпанија го затвори воздушниот простор за авиони насочени кон операции во Иран, Италија забрани слетување на бомбардери на база во Сицилија, Франција исто така одби прелети, додека Полска одби да испрати системи „Патриот“.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation