Холивудскиот актер Брус Вилис им се заблагодари на итните служби вклучени во гаснењето на шумските пожари во Лос Анџелес за време на ретко појавување во јавноста.
Актерот, кој се бори со деменција, е виден како се ракува и разговара со полицајците во видеото што го сподели на Инстаграм неговата сопруга Ема Хеминг.
„Брус никогаш не пропушти прилика да им се заблагодари на итните служби со топло ракување и зборовите: „Ви благодариме за службата““, напиша Хеминг.
Во видеото, поставено на звукот на песната на „Лед Цепелин“, „Going to California“, Вилис носеше светло палто и темни панталони, кои ги комбинира со бејзбол капа од Њујорк Јенкис.
Талула Вилис, неговата најмлада ќерка од бракот со првата сопруга Деми Мур, коментираше под објавата: „Ова многу ми го исполнува срцето“.
Брус и Ема почнаа да се забавуваат во 2007 година, седум години откако се разведе од Деми Мур. Заедно имаат две ќерки, Мејбел и Евелин. Вилис има и три ќерки од бракот со Деми Мур – Румер, Скаут и Талула. Нивниот брак траеше од 1987 до 2000 година, а по разводот останаа во одлични односи. Деми денес му е голема поддршка во борбата против болеста.
Тоа е редок вид на деменција што предизвикува проблеми со однесувањето и говорот. Понекогаш се нарекува Пикова болест или деменција на фронталниот лобус. Првите видливи симптоми се промени во личноста и однесувањето и тешкотии со говорот. Овој тип на деменција се однесува на фронталниот и темпоралниот лобус на мозокот, кои се оштетени поради болеста. Не е познато што го предизвикува, но често има генетска компонента.