По повод својот 60-ти роденден, познатата актерка покажа како изгледа и откри во што е нејзината тајна.
Холивудската актерка Брук Шилдс се здоби со слава во осумдесеттите години, а денес активно се занимава со глума. Стана позната како тинејџерка, а една од нејзините најпознати улоги беше во филмот „Pretty Baby“ од 1978 година. Јавноста ја памети и по популарниот филм „Сината лагуна“ од 1980 година, што е нејзината најпозната улога. Освен глумата, Брук исто така работеше како модел и се појавуваше на насловните страници на многу списанија.
Брук Шилдс го прослави својот 60-ти роденден во саботата, а им покажа на своите следбеници на Инстаграм колку се забавувала. Славната актерка отпатувала на егзотична дестинација и објави неколку фотографии од себе во бикини на Инстаграм.
„Се разбудив во рајот… и во нова деценија живот. Сега имам 60 години! Ви благодарам за целата љубов за роденденот“, напишала таа под објавените фотографии во костим за капење.
Брук позирала на висечка лежалка во црно бикини кое ја истакнувало нејзината фигура.
Актерката е голем обожавател на пилатесот, особено на методот Нофар, кој комбинира кардио, тренинг со сила и елементи на пилатес со помош на реформер машини. За Брук, исхраната се базира на умереност. Таа избира помали, поизбалансирани оброци во текот на денот за да остане сита, наместо три големи оброци, пишува порталот „Селеб вел“.
„Сфатив дека ако сакам нешто, на моето тело веројатно му е потребно“, рекла таа. „Така се однесував кога бев бремена – само си ги исполнував сите мои желби, бидејќи тоа беа претежно јајца, протеини или тестенини. Но, сега ми е многу подобро.“