Background

Бројот на заболени е за 15% помал од минатата недела

Во текот на 9-та недела од 2025 година, односно периодот од 24 февруари до 02 март, пријавени се 2.569 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, а тоа е за 15,4% помалку во споредба со претходната недела, информираше денеска директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска.

Таа додаде дека бројот на пријавени лица оваа недела споредено со 9-та недела од минатата сезона е
зголемен за 4 пати, а во споредба со бројот за 9-та недела од типичната епидемиска крива зголемен е за 38,4%.

Во однос на возрасната дистрибуција, посочи Андоновска, 1.465 лица се на возраст од 15-64 години, 550 кај деца на возраст од 5-14 години, 297 се регистрирани кај деца на возраст од 0-4 години и 257 кај лица на возраст над 65 години.

- Advertisement -
Ad image

– Највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст од 0-4 години, а кај децата од 5-14 години инциденцата изнесува 256,0/100.00. Заболените се пријавени од 28 ЦЈЗ/ПЕ, Скопје – 515, Битола – 236, Куманово – 203, Струмица – 166, Гостивар – 141, Тетово – 137, Штип – 137, Велес – 135, Кавадарци – 127, Свети Николе – 125, а во останатите, бројот на заболени е помал или еднаков на 100. Во текот на оваа недела, во 2 извештајни единици се регистрира многу ниска, во 6 – сезонска, во 12 – средна, во 5 – висока, а во 3 (Дебар, Кратово и Свети Николе) – многу висока активност на вирусот на грип – рече Андоновска

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation