Background

Британските медиуми пишуваат за херојот кој го сопрел кошмарот

Осуден е возачот Пол Дојл, кој во мај оваа година влета во толпата навивачи на фудбалскиот клуб Ливерпул кои ја славеа титулата во Премиер лигата. Дојл доби 21 година и шест месеци затвор, пишува Скај Њуз потсетувајќи на настанот во кој за неколку минути беа повредени 134 лица, меѓу кои и две бебиња. „Скај њуз“ открива и дека брзата реакција на едно лице, поранешен војник, можеби спречила нападот да се претвори во уште покрвава сцена.

Тела летале лево и десно, колички се превртувале при страшниот напад. „Скај Њуз“ пишува дека Дојл е поранешен маринец со досие на насилник.

Снимките од неговата камера го прикажуваат ужасот. Дојл вика и свири на сирената на својот „Форд Галакси“, додека толпата се обидува да се спаси.

- Advertisement -
Ad image

– Преместете се, бре! – урлал поранешниот маринец.

Судот потврди дека тој свесно возел кон луѓето, во „необјаснив и недопрен бес“.

 

 

Херојот што го сопрел кошмарот

Поранешниот војник Дан Бар скокнал во автомобилот во миг кога Доjл застанал за момент.

– Тоа беше очај и решеност да го сопрам по секоја цена – изјавил Бар.

Со маневар на менувачот го ставил возилото во „паркинг“ и така го запрел.

– Да не беше тој, бројката на жртви ќе беше многу поголема – изјавиле од полицијата.

Бар денес признава дека не е истиот човек.

– Не сум се опоравил, но полека одам напред – изјавил низ солзи.

Напад од чиста омраза?

Полицијата во Ливерпул не открила мотив за упадот во толпата. Доjл рекол дека некој со нож му ја отворил вратата на возилото, но 1.500 сведоци потврдиле дека тоа не било точно. Снимките покажале дека тој веќе претходно возел агресивно и дека поминал на црвено.

Во деведесеттите Дојл бил осуден за тепачка во паб, дури и му одгризал дел од уво на човек. Бил иззбркан од морнарицата, а подоцна се поврзал со навивачи на Евертон. Но, полицијата не најде врска меѓу врските со Евертон и нападот.

– Неговото однесување беше чиста омраза, не рационална реакција. Чудо беше што никој не загина – рекол детективот Џон Фицџералд.

Кога бил уапсен, Дојл само рекол:

– Му го уништив животот на моето семејство.

Но, Дојл никогаш не се извинил на жртвите.

„Сите викаа – убиј го“

Сведоците велат дека првите крици биле „терорист, терорист“. Една жена, Деби Блер, го барала својот син низ толпата:

– Сите викаа ‘убиј го’, луѓето беа во шок.

Нејзиниот син Мајк останал со трајни повреди.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation