Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека напредокот на „коалицијата на волните“ за поддршка на Украина е очигледен преку растечката политичка волја, зголемувањето на бројот на учесници и ентузијазмот за заедничка акција.
– Јасно е дека има политички напредок во однос на динамикатa – истакна тој, по завршувањето на Самитот во Париз.
Стармер предупреди дека рускиот претседател Владимир Путин повторно се враќа на старите методи на дејствување и дека е неопходно зголемување на економскиот притисок врз Москва.
– Учесниците на самитот беа цврсто обединети во ставот дека сега не треба да се попушта или да се укинуваат досегашните санкции – нагласи тој.
Британскиот премиер заклучи дека „напротив, сега е време да ги зајакнеме санкциите против Русија“.