Британската пејачка и актерка Маријан Фејтфул почина на 78-годишна возраст

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Британската пејачка и актерка Маријан Фејтфул почина на 78-годишна возраст, соопшти денеска нејзиниот портпарол.

Во соопштението се наведува дека Фејтфул починала мирно во Лондон, опкружена со своето семејство, пренесе Би-би-си.

„Со длабока тага соопштуваме дека почина пејачката, текстописец и актерка Маријан Фејтфул“, соопшти  потпаролот.

Фото: Wikimedia Commons

 

Фејтфул беше позната по хитовите како „As Tears Go By“, кој стигна до топ 10 во Велика Британија во 1964 година, а кој го напишаа Мик Џегер и Кит Ричардс.

Покрај успешната музичка кариера, таа глумеше во неколку филмови, меѓу кои и „Девојка на мотор“ од 1968 година, како и во бројни театарски претстави.

Во текот на 1960-тите, таа беше во врска со фронтменот на бендот „Ролинг стоунс“, Мик Џегер.

Фото: Free image/snl.no
Share This Article