Актерот Бред Пит (61) и неговата девојка, дизајнерката на накит Инес де Рамон (32), се појавија заедно на премиерата на неговиот нов филм „Ф1“ во Њујорк во понеделникот, објави „Дејли мејл“.
За оваа пригода, Рамон облекла бела комбинација составена од интересна блуза со истакнато деколте и долго здолниште со пердуви. Како модни додатоци, Рамон избрала црн ремен и бела чанта „Шанел“, додека косата ја стилизирала во пунџа со пуштени брановидни шишки. Актерот носел елегантно темносино одело и бела кошула.
Двојката цело време покажувала нежност на црвениот тепих. Кога не се држеле за раце, се гушкале, а судејќи според нивните изрази на лицето, изгледале многу среќно.
Меѓу познатите возачи на Формула 1 кои присуствувале на премиерата биле Луис Хамилтон, кој е и продуцент на филмот, Кристијан Хорнер, шеф на тимот Ред Бул Рејсинг и возачот Јуки Цунода.
Освен Пит, во свечени изданија блеснале и Хавиер Бардем и Демсон Идрис, кои исто така глумат во филмот.
Присутни биле и други ѕвезди како Џурни Смолет, Брукс Надер, Џон Хам и Џон Мајер.
Филмот се врти околу Пит како Сони Хејс, поранешен возач на Формула 1 кој се враќа од пензија за да се натпреварува заедно со млад почетник, кој го глуми Идрис, и да им се спротивстави на најдобрите во спортот.
Спортската драма треба да пристигне во киносалите на 27 јуни, а покрај гореспоменатите ѕвезди, глумат и Кери Кондон и Тобијас Мензис, додека режијата ја потпиша Џозеф Косински.