Ве молам болката е преголема, сѐ уште сите ја чувствуваме. Ве молам таа тема да ја оставиме на политичките глодари и лешинари, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, во Тетово и посочи дека сочувствува со болката на родителите и семејствата на загинатите млади луѓе во кочанската дискотека.
– Јас сочувствувам со родителите. Ве молам да ја оставиме таа тема на тие луѓе што навистина чувствуваат голема болка, а не што сакаат ситни политички поени да добиваат од тоа – изјави Мицкоски на новинарско прашање за барањето на родителите на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани да се објави наводна снимка од разговорот од средбата која се одржала на 7 јули во Владата.
Од Владата во неколку наврати посочија дека со семејствата на средбата се разговарало со највисока почит, разбирање и внимание за болката што ја носат родителите. Во целост ги отфрлаат тврдењата дека постои видеоснимка од состанок или од било која друга средба во кабинетот на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
